7

Гордост!

Posted by nadko on Jun 3, 2009 in Рандом Блогкаке

… Љубчо Георгиевски бил македонец… (сега е бугарин)

 
1

Приватниот остров на ЈСП

Posted by nadko on Apr 26, 2009 in Рандом Блогкаке

(во соработка со JavenPrevoz.blog.com.mk)

 
5

Удри!

Posted by nadko on Apr 18, 2009 in Рандом Блогкаке

Тешко е да се биде верник кога ќотекот од рајот излегол, а црквата на шлагот е само црешата на плоштадот.

 
1

Џоле Водоводџијата

Posted by nadko on Jan 27, 2009 in Рандом Блогкаке

(во одговор на текстовите на најчевска)

Со месеци седев дома и си гледав на ТВ што се дешава у Америка, најголемите избори во историјата. Гледав како бесконечно двајцата кандидати се расправаа за интересите на мојот колега - американец Joe the Plumber. Јас сум ист како него, што се вика и исто име имаме, по нашки да се наречам Џоле Водоводџијата. Имам средно техничко, петнаесетина иљадарки месечен приход плус ако фатам нешто у кладилница, 2.3 деца , четириесетина години.

Како што и кај нас се загрева политичката атмосфера, се повеќе се разгоруваат вечните дебати во стилот на кој повеќе крадел, кој поголем `експерт` бил или какви политички врски имал.

Искрено, гајле ми е.

Неќам да бирам помеѓу плавата марионета или црвената марионета. Неќам мојот глас да го продадам ни за брашно за жена ми, нити да фаќам врски за студентско легло за син ми, ни за позиција во локалната власт за мене.

Јас сум си водоводџија, неќам да барам ништо што не ми следува. Чесно се работи, пристојно се живее. Мојот глас го добива - и тоа за беспари - оној кој стварно ќе ми каже зашто, за нас водоводџиите е подобро да гласаме за него. Сакам да видам претседател кој ќе издржи да ме погледне во очи и да ми каже дека работи за мене.  Не за некоја банда трчи-лажови. Не за странски милиони.

Сакам претседател за водоводџиите, учителите, рударите… претседател за чесниот, работлив човек!

 
3

Господ Бог го објаснува неговото појавување на МТВ

Posted by nadko on Jan 21, 2009 in Рандом Блогкаке

Да, Јас се симнав на земјата и ја снимив оваа реклама.

Мислите дека ви должам објаснување за тоа? Не ви должам објаснување, ми се може. Јас сум вашиот Господ Бог и јас сум Бог Ревнител(*). Помирете се со тоа веќе еднаш!

Али пошто гледам дека стварно горите од љубопитност, а љубопитноста води кон научен прогрес, а научниот прогрес води кон абортус, А БИДЕЈЌИ АБОРТУСОТ Е УБИСТВО И ГРЕВ кој не го толерирам, сепак ќе ви објаснам како се случи ова.

Немаше тука никакво умешување од МПЦ, никакво праќање на војници да ги убиваат неверниците во Ирак во Мое Име, никакви договори и пактови кои можат да ја доведат во опасност вашата бесмртна душа. Тоа се злите и подли тактики на Луси(**), зборете што сакате, не може да се докаже дека јас сум го научил на тоа!

За мене постои само добра баклава, а да знаете, Петранка - тоа е кафекуварката у МРТВ прави МНОГУ добра баклава. Многу МНОГУ МНООООООООГУ добра баклава, а никогаш не се вели не на добра баклава. Две минути од моето време беа најмалку што можев да направам за луѓето кои ми понудија три тепсии од таа баклава. Штоако загинаа 300.000 луѓе во земјотрес во централна Азија за тоа време, ви велам баклавата беше ТОЛКУ добра!

Да се разбереме, црвените јајца, постењето и палењето свеќи во Мое име ме прават многу среќен, но ништо не се мери со добра баклава.

Просто е: Без молитва, нема баклава. Без баклава нема БЛАЖЕНСТВО.  Досега мислев дека ова е очигледно за гордиот народ на Македон од кој започнав да ја создавам белата раса (инаку ако некој го интересира, Мушу помогна со жутите, а Кристофер Вокен ги направи црнците да му служат како подвижни мети)

ПС. Денес добив многу поплаки од страна на пресветиот народ на Македон за ракометниот судија кој му даде црвен картон на нашиот Кире Лазаров со што ги уништи шансите на Македонија за победа против швабите (ариевци супериорна раса жими светиот ми гз!)

Лично ја помагав македонската репрезентација се до полувреме кога водевме 14-13 (неможев повеќе бидејќи патриархот вселенски играше дека ќе победи Македонија со помалце од три разлика, а му дужев на него од тогаш кога се успав за олимписките игри) али да се навратам на муабетот, значи ќе го свртам погледот на ЕДНА СЕКУНДА да зирнам во женското веце у Јосип Броз и такво срање се дешава.

Јасно е дека Интернационалната Ракометна Федерација потпаднала под влијание на пагански идоли и злобни демони. Ќе ги пратам моите најдобри егзорцисти да ги избават од гревовите а лично ќе се погрижам судијата да биде искасан до смрт од стршлени и ќе му пратам наезда од скакулци у дворот, да знае федерацијата да не се заебава со Мојот гнев!

(*) (Библијата - Второзаконие 4:24)

(**) Мислам на Луцифер се разбира, не на ружната кинескиња што дава ефтино литро-со-литро у кинеската биртија

 
2

… За тоа време во Белата Куќа …

Posted by nadko on Jan 21, 2009 in Рандом Блогкаке

Мишел: *паф* Добра трава *паф*

Барак: Дададада, најбољата е секогаш државната… ова е од федералните резерви,  за *медицински* цели, хехе *паф* јеее јеее, парти лајк да президент јо!

Барак: Чекајте ја да ви кажам една работа *паф* У мојата кампања, нема нишо ветер и магла *паф* Ѕинго че изграде големи фабрики!

Барак: Така да знаете. Обама може да воде спортове десет!

*се отвара вратата*

Буш: дајте беее и јас да дувнам малцеееее!

Мишел: Слушај шупле, гадно си се заебал, Мишел не дели трава со смрдливи републиканци, мрш надвор!!

Буш: амааа и јааааа сакааав, ова е тероризам, вие сте лоши зликовци!!

Барак: Гитла лузер, ете ти ја вратата. Мрш у Тексас да го појаваш механичкиот бик!

Буш: *искача* ТААААТООООО МЕ ЗАКАЧААААААТ!!!

Мишел и Барак: хехехе *паф*

Мишел: Иначе ми се свија новата гајба, има многу фиоки за криење на травата, особено е закон шкафот што искача коа ќе ја  гурнеш сликата на тој стариот тип со високиот шешир ! *паф*

Барак: Душо, почни веќе еднаш да ја викаш Белата Куќа и те молам не ч`чкај веќе у нуклеарните контроли..

Мишел: Нуклеарни контроли? Сакаш да ми кажеш дека џабе ги отпуштив сите вработени кога никој не се појави да ми донесе дупли чоколаден сладолед после пола саат стискање копчиња?!

Барак: Стискање копчиња?

… Ту би континјуд…. *тананананананананана*

 
0

Лош Ветер, Лош!

Posted by nadko on Dec 23, 2008 in Рандом Блогкаке

Значи имаме работа со сериозен лошотлук од ветер, кој се разбира мене лично особено ме мрази.

Листа на злодела на лошиот ветер и жртвите на неговиот лошотлук:

  • 392 случаи на пневмонија во последниве 3 дена (човештвото)
  • Неконтролирано солзење и инфекции на очите (јас, човештвото)
  • 17 нарушувања на патниот сообраќај (човештвото во Македонија што вози)
  • Одлетување на шалот на една девојка (девојката, шалот)
  • Ненакитена Елка (Јас)

Значи три месеци потрошени на тренирање на папагалот да ми ја кити елката и се за џабе, само што го пуштив Кокош со првиот лампион, ветерот го оддува негде во комшилук и не се врати. Духот на идниот божиќ некаде во моментов ми се прска од смеење)

Еби се злобен духу на бесчувствителниот иден божиќ со твојот злочкаст источен ветер , по-хардкор сум од тебе!!!

Инаку, за да ја пополнам дневната квота на анархизам и активизам, морам да ве известам дека нова година и сезоната на празници е конзумеристички мит создаден со цел да се пацифизираат граѓаните преку создавање на вештачка состојба на еуфорија во која тие ќе го исцедат секој последен денар од нивниот џеб во касата на стандардните корпорации кои специјално за оваа прилика носат дедомразовски капи.

protip: Дедо мраз продава сок! :)

protip: Дедо мраз продава сок! :)

Среќни Празници!

 
1

Hello world!

Posted by admin on Dec 15, 2008 in Рандом Блогкаке

Welcome to WordPress. This is your first post. Edit or delete it, then start blogging!

Copyright © 2010 Надко Рисников All rights reserved. Theme by Laptop Geek.